Во практиката се применуваат поединечни импланти (во отсуство на еден заб помеѓу неколку заба) и повеќе импланти - во отсуство на повеќе заби. При поставување на неколку импланти е возможно да се изработат одделни корони или да се шинират забните импланти во блок конструкција што овозожувада се дистрибуира џвакаџкото оптоварување рамномерно меѓу сите импланти - мостоносители. Повеќето автори во специјализираната литература се едногласни: кога шинирањето на голем број забни импланти во блок прогнозата на третманот се подобрува исклучително многу. Аголната и лак стабилизација на имплантите слична како кај природните заби - ја подобрува отпорноста на протетската конструкција кон механичко оптоварување.
Во 2010 година тим од Универзитетот во Сао Паоло (Бразил) го испитуваат ефектот на шинирани импланти во блок при оклузално оптоварување во областа на долната вилица. Авторите создаваат тридимензионален виртуелен модел на мандибулата со околу 400 000 јазли. Создава се симулација: во моделот на долната вилица се поставени по четири импланти, како се симулира и различен модул на еластичност во зависност од типот коска (D1 - D4). Целата конструкција се изложува на виртуелно оптоварување во три правци - нормално на изработените шина, под агол од 30 степени во буколингвално и лингвобукален правец. При анализата на механичкото распределување на силите тимот доаѓа до заклучок дека кај коска од тип 4 веројатноста од неуспех на импланти е најголема (нешто што постојано е потврдувано од други автори). Сепак, ползата од такви нелинеарни анализа би можела да биде поголема кај пациент со коска тип 3 или 4, при што врз основа на компјутерска томографија може да се утврди имплантната позиција, во која да има максимално количество коскено ткиво околу имплант во секој правец. Тоа драстично ја намалува можноста од некроза на коската поради компресија на крвните садови; освен тоа кај повеќе забни импланти може да се планираат позициите така да нема тенки коскени ѕидови околу самите импланти. Последното исто така може да доведе до неуспех во имплантното лекување поради компресија на садови во коската.
Против имплантниот блок се изразуваат експертите во областа на естетската
стоматологија. Според нив, никогаш не може да се постигне задоволителна естетика
во неколку коронки, кои се поврзани во блок во однос на одделни корони.
Пародонтолозите повикуваат да не се поврзуваат во блок одделни заби на една
конструкција, за да може пациентот да ја одржува својата хигиена со меѓузабни
конец - при шинирани заби во блок употребата на интердентален конец станува
невозможна. Прашањето за тоа дали треба да се изработуваат посебни корони или да
се шинират импланти во блок останува до ден денешен отворен и се потребни уште
многу истражувања до постигнување на конечниот став.
www.ralev-dental.bg
www.bg-dentist.com
www.omegadentagroup.com
www.bg-tourinfo.com
Забни импланти
Остеоинтеграција
Адреса на
нашата клиника
Запишете си термин за стоматолог на телефон 032 642056
Консултации на e-mail:
ralev@dentist.bg,
office@ralev-dental.bg