Мини импланти
Многу клинички студии силно препорачуваат да се користат мини импланти - општо тоа се импланти со мал дијаметар, обично до 2.5 - 3 милиметри. Нивната употреба обично се изведува на места во кои коскеното ткиво е во мала количина и не може да се стави имплантат со нормалена големина без коскен трансплант или преоформирање на коската - на пример хоризонтална дистракција. Мини имплантите не бараат сложни и ризични хируршки интервенции. Тие се речиси секогаш едноделни, се поставуваат без отпрепарирање на ламбо, бараат разпробивање само со пилот борер. Во однос на класификациите понекогаш стануваат конфузија - едноделните импланти се сметаат за мини импланти и обратно. Мини имплантите се секогаш едноделни - исклучително ретко сме откривале имплантни системи, кои се состојат од два дела и имаат пресек со дијаметар под 3.0 мм. Многу производители нудат сепак едноделни импланти (во кои надградбата и платформата се една целина) со дијаметар поголем од 3.0 мм.
Мини имплантите се многу лесни за примена и може да се натоварат имедиатно - всушност сите модерни имплантни системи можат да се натоваруваат имедиатно, само треба да се ставаат во густа и цврста коска со вртежен момент над 35 N / cm. Сепак дејството на џвакачкиот притисок врз коската околу мини имплантот не е испитан во услови in vivo. Има истражувања за влијанието на ортодонтските мини импланти на коската, кои даваат доста вредни информации, бидејќи ортодонтските мини импланти се подложуваат на различни остри ефекти од различен агол и со различна големина. Според Petrie и Williams (Clin Oral Implants Res 2005, 16: 486 - 494) мини имплантите контактираат со многу мала површина со коскеното ткиво на пациентот, како резултат на тоа доаѓа до стресни влијанија врз коската и поради тоа не треба мини имплантите да се применуваат во областа на задните заби. Значи ли тоа дека широките импланти обезбедуваат подобри резултати кај првиот и вториот молар поради поголемиот простор? Дефинитивно да! Голем број студии ја потврдуваат тезата дека успешност кај имплантите со поголем размер е многу повисока; многу автори дури препорачуваат променети коефициенти меѓу џвакачката површина и бројот на имплантите. Така на пример еден пет членен мост може да се изработи само на два импланти со голем дијаметар.
Максило - фацијална хирургија Сепсис Орална хирургија
Во 2010 година Jofre, Cendoia и Monoz (колектив од Чиле) објавуваат статија за мини имплантите во International Journal of Oral and Maxillofacial Implants - vol. 25, 1137 - 1144. Авторите испитуваат мини импланти со исклучително мал дијаметар - 1.8 мм, кои можат да се имплантираат практично насекаде. Површината на овие импланти сепак е исклучително мала и предизвикува голем механички стрес на коската. Но: се набљудува нешто многу интересно - при изработка на протетска конструкција на шина што ги поврзува двата импланти, оклузалният стрес намалува и станува реципрочен со оној при имплантите со дијаметар поголем од 3 милиметри.