Импланти
Имплантите претставуваат вештачки тела, кои се вградени во човечкиот
организам со одредена цел. Најшироко се применуваат можеби
забните импланти и
градните
импланти - силиконски, со физиолошки серум, колагенови итн Освен тоа
постојат кохлеарни импланти (се поставуваат при оштетен слух), различни видови
на зглобови импланти (вештачки зглобови), поткожни импланти (некои од нив
испуштаат хемиски супстанции за подолго време, други претставуваат електронски
уреди), итн. Според речникот на термините во забното протезирање (Glossary of
Prosthodontics Terms) забниот имплант е уред од алопластичен материјал, што се
накалемува (имплантира) во ткивата на усната шуплина со цел обезбедување на
ретенција за мобилна или фиксна забна конструкција. Секој еден забен имплант се
поставува со одредена цел: освен да задржува конструкција, да обезбеди удобност
на пациентот, функција и естетика за подолго време.
Имплантни системи Карта на сајтот
Имате потреба от протезирање врз забни импланти? Запишете си термин за бесплатен преглед на телефон 00359 32 64206 или на e-mail
ralev@dentist.bg - прегледот и консултациите се целосно бесплатни
Забните импланти одамна не се веќе нешто иновативно од областа на стоматологијата. Тие наоѓаат рутинска примена во повеќето развиени стоматолошки клиники во светот. Причините за овој своевиден бум се многу:
лесна апликација. Спротивно на очекувањата, секој стоматолог брзо може да добие соодветни квалификации за да става импланти. Поставувањето не е ниту потешко, ниту потрауматски од вадењето на еден длабоко фрактуриран заб. Во ниедна земја нема воведени регулативи кои заболекари може да поставуваат импланти - според регулаторните органи секој заболекар моќе да поставува импланти не полошо од еден орален или максило-фацијален хирург...
големи функционални предности – се обезбедува фиксна протетска конструкција за пациентот, која е постојано подобра од мобилна протеза
предности од гледна точка на превенција - не мора да се препарираат соседните заби со сите негативни последици и ризици од тоа. Пред поставувањето на импланти во клиничката пракса пропустите во забните редови се третирани најчесто со мостови - тогаш мора да се препарораат еден, два или повеќе заби, понекогаш да се девитализират, да се подготвуваат штифтови и итн. Со воведувањето на имплантите во праксата се избегнува непотребното препарирање на витални здрави заби.
подобра хигиена - недостасува мостово тело, под кое многу често се задржува храна
подобра естетика - скоро секогаш естетскиот резултат е прифатлив во
споредба со мостовото тело
Забен имплант со монтирана надградба, подготвен за земање отпечаток. Се
гледа дел од керамичкиот праг на
системот TBR. Надградбата на имплантот е наполнета со композитен цемент Rely
X на 3М кое што пополнување ја штити надградбата од развинтување од имплантот.
Кај мостови протези на импланти развинтувањето е тешко да се следи, но кај еден
заб, како што е во случајот, е можно да се развие надградбата. Како компликација
тоа е многу непријатно, бидејќи треба да се извади веќе изработената коронка, да
се изчисти цементот, надградбата да се зашрафи повторно и да се изработи нова
обвивна коронка. Други
компликации во имплантологијата ...
Имплантологија www.dentalimplants.bg Ризици во имплантологијата Абатмент
Готовата корона веќе е цементирана. Добра адаптација кон небцето – се
гледа недостатокот на исхемија во меките ткива на гингивата. Исхемија значи
недостаток на кислородна испорака во ткивата - се добива при притискање од нешто
цврсто, кое што притискање го нарушува снабдувањето со крв и ткивата побелуваат.
Овој феномен се забележува најчесто кај безпрагова препарационна граница, кога
короната се забива во забното небце и го притиска и исхемизира. Црвенилото на
горната слика се должи на нагризувањето на гингивата како резултат на пробата на
короната - понекогаш со сонда треба гингивата да се турна малку надвор пред
поставувањето на короната.
Забни импланти Избелување на заби Систем за избелување
Стоматолог во Пловдив Порцеланови ламинати Имплантолошки клиники во Бугарија
Имплант от системот Implantium - Южна Корея. Добро се гледа коничната врска меѓу имплантот и абатментот (надградбата)
Имедиатно имплантирање и имедиатно натоварување
Имплантат од системот TBR поставен имедиатно. Случајот на сликата е
исклучително тежок - поради хоризонталната атрофија на алвеоларната коска треба
имплантот да биде поставен доста повисоко од другите заби, за да може да биде
задржан во минималното количество на коскено ткиво. Освен тоа (како што се гледа
на сликата) имплантната матка е изнесена премногу вестибуларно - повторно поради
недостаток на коскено ткиво. Такви случаи се извор на колнење, црни клетви и
кубање на коса од страна на забните техничари - потребно е да се дизајнира многу
долга клиничка корона, како многу често розовата керамика за моделирање на
забната гингива е единствениот начин за постигнување на задоволителна естетика.
Два забни импланти, кои се показател за можностите на современите
имплантни системи и за способноста на организмот да остеоинтегрира добро
имплант.
Пациентот е маж на возраст 46 години, страстен пушач - три кутии цигари дневно
се нешто вообичаено за неговиот начин на живот. Премногу суета - побара да се
дизајнира мобилна протеза која го крие недостатокот на заби, додека се одвива
заздравителниот процес. Иако разјаснувањата на нашиот тим беа јасни човекот
држеше на своето и вилицата беше направена. Проблемот е во тоа што подвижната
протеза со пластичната си плака го травмира постојано имплантот и станува
причина за компликации. Како и очекувавме, поплаките не задоцнија - околу два
месеци откако се ставиле имплантите пациентот соопштуваше за постојан оток на
венечната слузница, протекување на жолтеникав ексудат и чешање во областа. И
покрај се имплантите беа целосно стабилни, при чукање се издава јасен перкуторен
звук и недостигаше секаква болка. Требаше да исчистат преку отворен каретаж
периимплантните ткива и да се мотивира пациентот да го намали пушењето.
Аплицирахме коско заместувач; пациентот ниту го намали бројот испушени цигари,
ниту престана да ја носи протезата, но поплаките минаа и слузницата видливо го
подобри статусот. Неколку месеци по повторната интервенција при притисок околу
имплантите не извираше никаков ексудат и ткивата имаа густа текстура - за
разлика од пред тоа, кога беа меки и потечени. Случајот подлежи на надзор и е
показател за можностите
за компенсација на човечкиот организам.